(Видео) Вистинска Златокоса: Тинејџерка од Индија ја има најдолгата коса во светот

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Вистинска Златокоса: Тинејџерка од Индија ја има најдолгата коса во светот

Индијката Ниланши Пател ја одбрани титулата на тинејџерка со најдолга коса  во светот, па дури и го собори сопствениот рекорд кој изнесува 190 сантиметри.

Девојката од малиот град Модасе во индиската држава Гуџарат во 2019 година повторно доби сертификат на Гинисовата книга на рекорди, подобрувајќи го својот резултат од декември 2018 година кога косата ѝ била долга 170,5 сантиметри.

Пријателите и соучениците ја нарекуваат Златокоса според принцезата со долга коса од бајките на Грим. Ниланши Пател вели дека 11 години не била на фризер.

„Кога имав шест години, имав многу лошо искуство во локалниот фризерски салон. Оттогаш не се осмелував да ја потстрижам косата. Моите родители го почитуваа мојот избор “, објасни таа.

За да може да оди и да не се сопиња од сопствената коса кога е пуштена, седумнаесетгодишната Ниланши мора да носи високи потпетици.

Обично носи плетенка или ја свиткува косата, а проблеми има само кога плива, признава девојката која сака да стане инженер.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата