Дрога пронајдена покрај оградата на тетовскиот затвор

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Дрога пронајдена покрај оградата на тетовскиот затвор

Вработен во тетовскиот затвор вчера пријавил дека пронашол дрога во близина на оградата од дворот на затворот.

Според пријавата, вработениот покрај оградата пронашол оставено најлонско ќесе со хашиш.

Содржината на ќесето била однесена на вештачење, а полицијата презема мерки за расчистување на случајот.

 

 

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата