Државјанин на Албанија уапсен со 2 килограми марихуана на автобуска во Струга

22.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Државјанин на Албанија уапсен со 2 килограми марихуана на автобуска во Струга

Државјанин на Албанија е фатен со околу 2 килограми мрихуана на автобуска станица во Струга. Според информациите на МВР, полицијата вчера ја спровела акцијата по добиени сознанија за вршење на транспорт на дрога од страна на 32-годишниот Т.С.

Веднаш потоа, полициските службеници извршиле преглед на Т.С. и во неговиот багаж била пронајдена кеса со марихуана со тежина од околу 2 кг., која била одземена и пратена на вештачење. Т.С. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Струга за понатамошна постапка.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата