Откако Пари Сен Жермен пред нешто повеќе од осум години премина во сопственост на катарскиот инвестициски фонд, потерата по трофеите на сите фронтови стана обврска. Меѓу 22-те пехари кои ги освои во наведениот период му недостасува само „ушестиот“ (Лигата на шампионите), но дури пет ги освои во Лига купот, и тоа по ред, заклучно со предминатата сезона. Лани беше запрен во четвртфиналето во кој го шокираше второлигашот Генган, и тоа сред Париз (2:1). Оваа година Ремс е претпоследна препрека на патот на „светците“ кон нов експонат во трофејната сала. Притоа, перјаницата на францускиот фудбал од средината на минатиот век може да се пофали и со фактот што два пати по ред го совладал ПСЖ, што исто така е раритет.

ФРАНЦУСКИ ЛИГА КУП – Полуфинале

РЕМС – ПСЖ
Среда, 21.00
Шифра: 5052

Наши предлози
КТ           2              1,45
КМБ      2&3+     1,95
* Квотите подлeжат на промени

СИТЕ КВОТИ ЗА НАТПРЕВАРОТ ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Ете ви одговор на прашањето колку ведетите кои ги тренира Германецот Томас Тухел се мотивирани пред дуелот со црвено-белите – ако воопшто сте биле во дилеми. Да ве потсетиме дека Ремс, инспириран од голманот на репрезентацијата на Србија Предраг Рајковиќ тогаш славеше со 2:0 на „Паркот на принцовите“, максимално искористувајќи го изостанокот во тоа време повредените голгетери Килијан Ембапе, Единсон Кавани и Мауро Икарди, односно недоволната спремност на Нејмар. Овојпат здравствениот билтен на парижаните е совршен – недостастуваше само стоперот Преснел Кимпембе. Сите други се спремни за напад, за што сведочат и резултатите на ПСЖ во претходните три месеци.  Лесно ги создаваат и ги реализираат шансите. Ремс во септември се протна, се плашиме дека сега ќе си добие со камата (двојка, КМБ 2&3+).