Иако сите очи се вперени за она што не очекува на 26 и 31 март, а тоа плеј-офот за пласман на ЕВРО 2020, сепак нашата најдобра фудбалска репрезентација ја очекува ждрепка на 3 март. Ждрепка за новата Лига на Нации, ждрепка која ќе се одржи во Амстердам на 3 март во 18 часот. По успехот во минатата Лига на Нации, Македонија сега се наоѓа во Ц сегментот, и можни ривали се селекциите на Грција, Албанија, Грузија од групата 1. Со оглед на тоа дека во групата 2 заедно со нас се и Косово, Белорусија и Кипар, овие селекции не може да ни бидат ривали во групната фаза од Лигата на Нации. Од групата 3 може да се паднеме со Естонија, Словенија, Литванија и Луксембург, додека четвртиот ривал ќе ни биде една од селекциите од групата 4, и тоа Ерменија, Азербејџан, Казахстан и Молдавија.

Натпреварите од групната фаза во Лигата на Нации започнуваат во септември а завршуваат во ноември. Завршниот турнир се игра следната година во јуни.