Новиот тренер на Барселона Кике Сетиен побарал од раководството на каталонскиот клуб да му го донесат напаѓачот Родриго, пишува весникот од Валенсија „Супердепорте“. СПоред информациите, Сетиен сака да направи радикални промени во Барса, да тргне некои фудбалери и да донесе нови, а Родриго Морено е неговата желба уште во овој преоден рок кој би го пополнил местото на повредениот Луис Суарез.

Но желбите се едно, а можностите друго. Таа е убава опција, меѓутоа тешко остварлива. Затоа што Валенсија не е расположена во моментов да го пушти својот фудбалер, а и ако се реши тоа нема да биде за помалку од 60 милиони евра.

Барселона во моментов не сака да се впушта во финансиски трошок додека не продаде некој од оние фудбалери на кои нема да смета во иднина. Евентуално тоа би било возможно на лето кога ќе има повеќе време да се скрои план за наредните сезони.

Па затоа Барса може повторно да се пушти во потрага на напаѓач но само за позајмица за шест месеци.