Домаќинот на европското првенство, репрезентацијата на Шведска обезбеди победа од 24:18 во последниот денешен меч од 3. коло во групата „2“ во Малме и со тоа остави прашањето за последниот патник во полуфиналето да се решава утре.

Во еден навистина интересен и цврст меч, двете репрезентации играа скоро гол-за гол цели 50-тина минути. Шведска се одвои во последните минути на средбата и на крајот дојде до убедлив триумф. Унгарија останува со 4 бода на 3. место зад Словенија, но ќе оди на победа над Португалија утре и ќе чека кикс на Словенците во пресметката со Норвешка.

Standings provided by Sofascore LiveScore