Лука Циндриќ нема да игра утре против Шпанија во решавачкиот натпревар за пласман на првото место во групата „1“ на ЕП. Според хрватските медиуми, Циндриќ не успеа да ја залечи повредата на мускулите, има оток и затоа тренерот Лино Червар не сака да го оптоварува, пред полуфиналните обврски.

Хрватска игра против Шпанија утре од 16 часот и победата ја носи на првото место на групата.

Според хрватските медиуми, се уште е неизвесно дали Циндриќ ќе биде подготвен и за полуфиналето.