Милошоски: СДСМ ОДБИЈА МИСЛЕЊЕ ОД ВЕНЕЦИЈАНСКА, сакаат вдомување на поранешните обвинители од СЈО (ВИДЕО)

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Милошоски: СДСМ ОДБИЈА МИСЛЕЊЕ ОД ВЕНЕЦИЈАНСКА, сакаат вдомување на поранешните обвинители од СЈО (ВИДЕО)

Една од главните забелешки е што во преодните и завршните одредби на предлог законот за Јавно обвинителство се остава еден простор за условно речено вдомување на поранешните обвинители од СЈО, односно нивно привилегирано законско удомување во обвинителството на Вилма Русковка, што не сметаме дека е соодветно бидејќи во државата никој не треба да повластен, особено не оние обвинители кои што беа дел од тимот на Катица Јанева и завршија на еден контраверзен начин, вели пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски во гостување во емисијата Што не е јасно на ТВ Алфа.

Милошоски истакна дека законот за јавно обвинителство на СДСМ им е закаснет приоритет, затоа што минатата година министерката за правда Дескоска после небулозното контраверзно писмо на Јанева за примопредавње на предмети кое никој не го видел, Дескоска изјавила дека не е неопходен, па сега одеднаш станал битен закон за власта по изјавата на еврокомесарот.

- Мислам дека никој повеќе ниту од домашната ниту од меѓународната заедница не му дава бланко карта на Заев да продолжи на таков начин да обезбедува мнозинство за вакви суштински закони. Според мене проблемот кај СДСМ е тоа што за нив ова е закаснет приоритет. Зошто велам закаснет приоритет, бидејќи не била ниту моја ниту на Китев изјавата дадена минатиот септември 2019 година тука на министерката за правда Дескоска која што после она контраверзно писмо на Јанева за примопредавање на предметите кој што никој не го видовме ниту ние во работните групи, министерката Дескоска изјави дека носењето на законот за јавно обвинителство веќе не е неопходен, за ние сега од пред некој ден да слушнеме од новиот еврокомесар дека сепак го смета за битно, изјави тој.

Милошоски смета дека Заев со овој предлог закон за јавно обвинителство сака да им обезбеди сигурни и високи позиции се со цел да биде да бидат негов заштитен механизам доколку се смени власта и доколку се докажат сите сознанија за сторен криминал.

- Имаме еден дисонантен тон помеѓу самите владини претставници односно едни се изјавите на вицепремиерот Бујар Османи за потребите на овој закон дали е услов или не е услов, а други се на Заев. Но, според мене она што го гледам од предлог законските одредби кои што ни се дадени е дека пред заминување Заев сака да им обезбеди сигурни и високи позиции на поранешните обвинители од СЈО кои што одработија за него и тој сака во иднина преку тие обвинители, преудицира можеби смена на власта, тие да бидат заштитниот за него механизам за да нема одговорност за она што го имаме како сознанија за сторен криминал, нагласи Милошоски.

Тој додаде дека нема да се дозволи во новиот Закон за јавно обвинителство да се стават обвинители кои што ги прекршиле законите за плата за плата на обвинителство, посочувајќи го случајот кога Катица Јанева и многу други обвинители од СЈО земале награда од Владата на СДСМ во висина и од над 100.000 евра.

- Нема да се согласиме во никој случај обвинители кои што надвор од законот за јавна обвинителска служба спротивно на законот за обвинителство и на законот за плати за обвинители земале незаконски хонорари и награди во износ од 70,90 или 100 илјади евра, а самите се свесни дека законот не дозволува награда на основната плата повеќе од 35 проценти за било кој обвинител. Сметам дека таквите обвинители на чело со Катица Јанева го прекршувале законот за обвинителска служба не заслужуваат да бидат повластени и да добијат загарантира место во обвинителството на Вилма Рускоска, рече Милошоски.

Милошоски нагласи дека дале предлог законот за јавно обвинителство да се даде на Венецијанската комисија како највисок стручен орган во Европа се со цел да даде стручно мислење, посочувајќи дека СДСМ не го прифаќа тоа и има дубиозен однос кон комисијата, односно го прифаќа само она за што им одговора.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата