ТРАНСПАРЕНТЕН ПРЕЧЕК НА ВЛАДИНИТЕ МИНИСТРИ ВО ШТИП: “Никогаш северна само Македонија” и „Каде се ветените инвестиции“

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАНСПАРЕНТЕН ПРЕЧЕК НА ВЛАДИНИТЕ МИНИСТРИ ВО ШТИП: “Никогаш северна само Македонија” и „Каде се ветените инвестиции“

Вечерва во Штип Владата на Република Македонија одржа седница во зградата на општината додека пред зградата беа пречекани од насобрани граѓани како и членови на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

Додека траеше вечерашната седница на Владата во Штип пред зградата на општината Штип владините министри беа дочекани со транспаренти преку кои многу граѓани им порачаа „Никогаш Северна, само Македонија“, „Каде се ветените инвестиции“, „Чекајќи да се вратат младите остаревме“.

Граѓаните се жалат и дека градот денеска буквално е блокиран поради седницата на владата во нивниот град.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата