По одличните три четвртини во Сплит, кошаркарите на македонскиот шампион МЗТ Скопје А. претрпеа нов пораз во АБА 2 лигата. Во катастрофалната последна четвртина, момците на Ѓорѓи Кочов испуштија шанса да направат подобар резултат против забрефтаниот Сплит, колму оваа му беше трета последователна победа во лигата (98:85).

МЗТ Скопје А. одигра солидно во првата четвртина, но остана на минус 5, за да надополни со извонредно издание во вторите 10 минути кога направи одлична предност и со плус 5 замина на пауза.

Во третиот период од мечот Сплите се обидуваше да ја стопи предноста на „штрковите“, но момците на Кочов одиграа цврсто и со плус 2 влегоа во последниот период. Иако во првите 2-3 минути работите изгледаа добро, следуваше еден катастрофален финиш во кој Сплит се одлепи, направи разлика и од 10 поени, со што и официјално го реши прашањето за победникот на средбата. Конечните 98:85 се само потврда на лошата завршница.

Кај МЗТ Скопје А. најефикасен беше Крстевски со 18 поени, додека кај Сплит, Перковиќ постигна 21 поен.

Standings provided by Sofascore LiveScore