Дефанзивецот од фудбалската школа на Шкендија Алмир Реџепи стави потпис на професионален договор со тетовските црвено-црни. Шкендија освен на засилувања од типот на поискусни играчи мисли и на својата иднина, па така по неколку млади играчи ги прекомандува во првата екипа.

Па така Реџепи кој има 18-години стави потпис на професионален договор со важност од три години. Инаку овој играч може да игра и како лев бек и како централен бек, а настапува за младата албанска репрезентација.

„Сонот ми се исполни. Напорно работев за ова. Сега таа цел е остварена, мотивиран сум и посветен да го убедам тренерот дека местото ми е во првиот тим и дека може да се потпре на мене“, изјави Реџепи кој исто така е капитен на младинската екипа на Шкендија.