Откако вчера ја заврши соработката со Академија Пандев, младинскиот репрезентативец на Македонија, Михаил Маневски од денеска е ново, големо засилување за Брегалница. Штипскиот второлигаш вечерва потврди дека е постигнат договор со дефанзивецот, кој ќе биде исклучително засилување за штипјани во вториот дел од сезоната.

Маневски е трето засилување за Брегалница оваа зима. Клубот се подготвува за жестока трка во пролетната полуетапа, а Маневски ќе биде исклучително засилување на бековската позиција.