Започна судењето на Доналд Трамп пред Сенатот: Опозицијата нервозна (видео)

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Започна судењето на Доналд Трамп пред Сенатот: Опозицијата нервозна (видео)

Судењето на претседателот на САД Доналд Трамп започнало вечерва пред Сенатот, за негов импичмент.

Трамп е обвинет дека побарал помош од украинската влада за да биде повторно избран на претседателските избори во ноември.

Демократите тврдат дека задржал милиони долари војна помош на Украина, и сакал од Украина јавно да потегне истрага против Џо Бајдер, кој е негов главен ривал во нарените избори.

Исто така, откако Белата куќа одбила персоналот да сведочи на првото сослушување за импичмен минатата година, демократите го обвиниле Трамп дека врши опструкција врз работата на Конгресот.

Трамп ги негирал обвинувањата, а неговиот правен тим навел дека тие лажат.

Трамп е трет претседател во историјата на САД кој се соочува со можност дека ќе биде сменет од таа функција. Пред него со тоа се соочиле Бил Клинтон и Ендру Џонсон.

Сенаторот Џон Кенеди рекол дека очекува процесот во Сенатот да помине чесно. - Мислам дека е вистина она што мојот пријател вели: Ненси Пилос има ендофрини удари кога и да е во можност да го критикува претседателот на САД, било да заслужува или не – рекол Кенеди.

Мала е вероватноста Сенатот во која републиканците се мнозинство, да го прогласат Трамп за виновен. Особено што во Сенатот за отповикување мора да гласаат две третини од вкупниот број на членови.

Поради тоа многумина тврдат дека демократите се нервозни, и дека ова може да им се удри од глава на избори во 2020 година.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата