Памела Андерсон се омажи ПО ПЕТТИ ПАТ - ЕВЕ КОЈ Е СРЕЌНИКОТ (ВИДЕО)

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Памела Андерсон се омажи ПО ПЕТТИ ПАТ - ЕВЕ КОЈ Е СРЕЌНИКОТ (ВИДЕО)

 Памела Андерсон повторно се омажи, популарната Плејбој зајачица по петти пат застана на лудиот камен.  

Една од најпознатите русокоси во светот, која претрпе физичко насилство од фудбалерот со кој се гледаше минатата година, ја изненади јавноста со веста за нејзиниот брак!

Памела се омажи по петти пат овој пат со Џон Питерс, познат холивудски продуцент.

Питерс ја продуцираше „Ѕвездата е родена“,  и верзијата од седумдесетите, но и новата верзија каде главна улога има Лејди Гага заедно со Бредли Купер. Продуцентот го изјави следното во врска со бракот со Памела:

- Со децении, можам да бирам која жена што ја сакам. Светот е полн со убави девојки. Но, веќе 35 години, јас само неа ја сакав “, рече тој.

Памела и Џон  веќе беа во врска пред повеќе од 30 години, а повторно врската ја обновиле на крајот на минатата година.

Ова е новиот сопруг на Памела!

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата