Се расправале пред селската пошта, А ПОТОА ЕДНИОТ ПОСЕГНАЛ СО СЕКИРА

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Се расправале пред селската пошта, А ПОТОА ЕДНИОТ ПОСЕГНАЛ СО СЕКИРА

Трагично можела да заврши расправија помеѓу две лица во нишкото село Горна Тополница која од вербална прераснала во физичка.

Имено двајцата започнале вербално да се расправаат пред поштата во селото, а потоа едниот од нив земал секира и со неа го нападнал својот соселанец.

Од полицијата во Ниш известуваат дека еден маж (71) е полесно повреден од секира во тепачка пред поштата во село Горна Тополница кај Ниш, едното лице е повредено, а се уште се трага по другиот инволвиран во инцидентот.

Повредениот бил веднаш хоспитализиран, а за настанот известено е и Основното јавно обвинителство.

Мотивот за расправијата на двајцата соселани се уште е непознат.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата