Орнела Мути ќе наполни 65 години, но нејзината убавина не бледнее

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Орнела Мути ќе наполни 65 години, но нејзината убавина не бледнее

Италијанската филмска ѕвезда Орнела Мути деновиве се појави на Француската модна недела, каде што сите очи беа вперени во неа. Таа наскоро ќе го прослави својот 65. роденден, но нејзината убавина не бледнее.

Зад себе има два брака и три деца. Таа прв пат се омажила за актерот Алесио Оран и била во брак со него од 1975 до 1981 година, а во Италија биле познати како најубавата славна двојка. Во 1988 година се омажила за Федерико Фашинети, со кого има син Андреа и ќерка Каролина, а во 1996 година се развела од него.

Интересно е што во 2015 година, таа беше осудена на осум месеци затвор или парична казна од 30.000 евра затоа што одбила да игра во претстава за да може да излезе на вечера со рускиот претседател Владимир Путин, а една година подоцна побарала руско државјанство.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата