Вака изгледа екранот со 120Hz на OnePlus 8 Pro

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Вака изгледа екранот со 120Hz на OnePlus 8 Pro

Новиот извештај на сајтот True Tech цитира неименуван корисник, кој тврди дека е член на тимот на OnePlus, а дошол во посед на фотографија на дисплејот на OnePlus 8 Pro телефонот.

Екранот прикажува опција за 120Hz подесување за OnePlus 8 Pro, нешто што и самата компанија неодамна го потврди за својот претстоен смартфон. Новиот екран ќе може да ги прикажува содржините на екранот во 120Hz, како и во 90Hz и во стандардните 60Hz.

Она што го напоменува извештајот е дека не е сигурно дали екрано ќе може да прикажува 120Hz над Full HD+ резолуција (се очекува дека OnePlus 8 Pro ќе има QHD+ панел). Над дисплејот се наоѓа кружен punch-hole отвор за селфи камерата.

Се очекува дека кинеската компанија ќе објави три варијанти на телефонот, кои го вклучуваат стандардниот, Lite и Pro модел. Само OnePlus 8 Pro би требало да има 120Hz дисплеј, а засега се уште не е познато кога смартфоните ќе бидат официјализирани.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата