(Видео) Меган Маркл снимена на прошетка со синот Арчи и кучињата

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Меган Маркл снимена на прошетка со синот Арчи и кучињата

Меган Маркл е снимена со широка насмевка на лицето додека се шета со синот Арчи и кучињата во Канада, каде што живее откако е објавено дека таа и нејзиниот сопруг веќе не сакаат да бидат постари членови на кралското семејство.

Сепак, иако Меган се чини среќна, многумина ја нападнаа за начинот на кој го држи синот.

Снимката од прошетката се шири на социјалните мрежи, а корисниците ѝ порачаа на Меган да побара совет од дадилката за тоа како се држи дете, пренесува „Дејли мејл“.

Поточно, на фотографиите се гледа дека војвотката од Сасекс е добро расположена додека го носи Арчи во „кенгур“, а кучињата со поводник.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата