Казнети 222 родители во Сараево бидејќи не ги вакцинирале децата

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Казнети 222 родители во Сараево бидејќи не ги вакцинирале децата

Санитарните инспектори во Сараево по службена должност во 2019 година поднеле вкупно 414 повици до родителите/ старателите да се изјаснат зошто одбиле да ги вакцинираат децата.
На повикот на Инспекторот одговориле 325 родители, од кои 222 кои одбиле да ги вакцинираат децата се парично казнети за неисполнување на оваа законска обврска.

103 родители се изјасниле дека ќе го вакцинираат детето во дополнителниот рок од два месеци којшто им бил одобрен од инспекорите. Во 2018 година, во истиот период во јуни биле санкционирани 358 родители, кога започнало казнувањето на родителите за неисполнување на соодветна грижа за малолетни деца.
        

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата