Утринава експедицијата на Струга Трим Лум отпатува за Анталија, каде до 2 феруари ќе ја одработи главната фаза од тековните зимски подготовки. Клубот кој постои само пет години, за првпат во својата историја ќе се подготвува во познатиот турски туристички центар.

Инаку четата на стратегот Јетон Беќири, во Анталија ќе одигра и најмалку четири пријателски средби. Засега познато е дека закажани се мечевите со Ахал (Туркменистан) и Арка (Полска).