Опаѓаат цените за изнајмување станови во Германија

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Опаѓаат цените за изнајмување станови во Германија

Цените за изнајмување станови во поголемите германски градови престанаа да раснат во последниот квартал од минатата година. Во некои случаи, тие почнаа да паѓаат, покажува истражувањето на агенцијата Ф + Б којашто ги следи цените на недвижностите.
        
Во споредба со истиот период во 2018 година, кириите за ново изнајмените станови се намалени за 0,3 проценти. Ова особено важи за областите на југот на Германија, особено МИнхен.
        
Цените за изнајмување на станови најмногу опаднале во Гармиш-Партенкирхен 4,4 проценти и во Штутгарт – три проценти. Минхен со 16,4 евра по квадратен метар, без комунални трошоци, останува најскапиот град во Германија. Во Берлин, каде што станарините и цените на недвижности бележат најголем раст во последните десет години, киријата падна за 1,2 проценти. Но, во исто време, киријата на постојните договори за закуп е зголемена за 0,4 проценти.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата