Принцот Хари пристигна во Канада

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Принцот Хари пристигна во Канада

Војводата од Сасекс утрово пристигна во Канада, каде се подготвува да започне нов живот далеку од кралските обврски.

Тој слета во Ванкувер каде го чекаат сопругата Меган и нивниот 8-месечен син Арчи. Тој имаше средба со кралицата Елизабета и високи членови од кралското семејство, на која беше договорено тој и Меган да го напуштат кралското семејство и да започнат нов живот без кралските обврски и финансиска независност.

Тие официјално на пролет веќе нема да бидат кралски членови. Нема повеќе да ги користат нивните титули, ниту ќе имаат кралски обврски, како и воени служби. Тие нема да ја претставуваат кралицата.

Принцот Хари во неделата соопшти дека одлуката не била лесна, но дека немале избор.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата