Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

21.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Автомобилите на Пол Вокер продадени на аукција за 2,33 милиона долари

Дваесет и едно возило во сопственост на трагично починатиот актер Пол Вокер, најпознат по улогата во популарната филмска франшиза „Брзи и бесни“, се продадени за 2,33 милиона долари на годишна аукција за автомобили во Аризона.

Колекцијата на Вокер се состоела од 18 автомобили и три мотоцикли од разни периоди на автомобилизмот, а на еднонеделната аукција на познатата аукциска куќа „Барет-Џексон“, што се одржа во Скотсдејл, највисока цена од 385.000 долари постигнал автомобилот BMW M3 Lightweight во 1995 година.

Целиот приход од продажбата на возилата оди во фондацијата со која управува 20-годишната ќерка на Вокер, Медоус.

Пол Вокер загина на 30 ноември 2013 година во сообраќајна несреќа враќајќи се од добротворната вечера во која учествувал.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата