ДАЛИ И КАЖАЛЕ КАЈ КОЈ ЧОВЕК ЈА НОСАТ? Oпштина Лозово ќе ја вработи Атиџе и ќе и го смени покривот на куќата

20.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ДАЛИ И КАЖАЛЕ КАЈ КОЈ ЧОВЕК ЈА НОСАТ? Oпштина Лозово ќе ја вработи Атиџе и ќе и го смени покривот на куќата

Не престануваат да пристигнуваат убавите вести поврзани со Атиџе, главната хероина од документарниот филм „Медена земја“.

Таа денеска се сретна со градоначалникот на општина Лозово, Ацо Велковски, кој вети менување на покривот на нејзината нова куќа, нејзино вработување по доделувањето на оскарите, како и тоа дека ќе ѝ биде овозможено професионално да ги сними и да ги издаде своите две песни.

- Денес општина Лозово ја посети нашата национална хероина Атиџе Муратова, Ѕвездата од „Медена земја”.
🍀 Среќна, насмеана и радосна од веста што општина Лозово и јас како Градоначалник дадовме ветување дека ќе се погрижиме за куќата на Атиџе да добие нов кров.
По завршување на турнеите и земањето на🏆🏆 оскарите, Атиџе ќе биде работно ангажирана во општина Лозово.
Исто така ветив, дека нејзините две песни, ќе бидат обработени целосно со музички 🎼аранжман и ќе може да ги испее и сними професионално во музичко студио, пишува Велкоски на ФБ.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата