Мицкоски во 1на1 одговори каква Македонија сака да имаме КОГА ЌЕ СТАНЕ ПРЕМИЕР (ВИДЕО)

20.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Мицкоски во 1на1 одговори каква Македонија сака да имаме КОГА ЌЕ СТАНЕ ПРЕМИЕР (ВИДЕО)

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вчера беше специјален гостин на Жаре Димитровски во шоуто „Еден на еден“.

Во опуштена атмосфера, насмеан и расположен лидерот на ВМРО-ДПМНЕ раскажа многу интресни нешта што луѓето за него до сега не ги слушнале и не ги знаат. За сопругата Рози, за синовите, за своите политички ривали и соработници. Отворено и одблизу со политичарот, лидерот, професорот, сопругот, родителот, граѓанинот…

Запрашан кога ќе стане премиер на Македонија, Мицкоски одговараше кои земји му се пример, односно каква сака да ја види државата. 

Не можам да издвојам, една, можам да направам компилација од неколку. Би сакал да ја имаме дисциплината од Германија, закони, системот како функционира. Да го имаме образовниот систем кој што имаат САД, американскиот образовен систем е водечки во светот,  на шангајската листа се во првите 50 и би сакал да имаме француска култура, вкусот како Италијанците, стилот кој го имаат, а би сакал да ја имаме и да си ја задежиме онаа емоција како Македонци од Македонија вели Мицкоски.  

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата