Албин Курти предложен за премиер на Косово

20.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Албин Курти предложен за премиер на Косово

Косовското движење „Самоопределување“ со писмо упатено до претседателот на Косово, Хашим Тачи, како и што се претпоставуваше, за иден мандатар на косовската влада го предложи претседатлот на оваа партија, Аљбин Курти, пренесуваат косовските медиуми.

Предлогот за иден премиер е доставен и покрај застојот во преговорите за коалиција меѓу „Самоопределување“ и ЛДК – партиите што победија на октомвриските избори и који се уште не успеваат да пронајдат заедничко решение за формирање влада.

Косовскиот претседател Хашим Тачи, по официјалното прогласување на резултатоите од октомврисите избори, во повеќе наврати го повика Курти да му предложи мандатар од неговата партија, за Тачи со формален декрет да го прогласи за одговорен за предлагање на идната влада на Косово.

На денешното именување му претходеше вчерашната најава од Тачи дека би можел самоиницијативно да го прогласи Курти за мандатар на идната косовска влада.

Од моментот на преземање на мандатот, Курти ќе има рок од 15 дена да го предложи во собранието составот на новата влада. Составот на владата мора да биде одобрен од 61 пратеник, пренесува порталот „КосСев”.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата