Убиецот на Марко со срамно оправдување пред судот: Имав прекин на филмот!

20.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Убиецот на Марко со срамно оправдување пред судот: Имав прекин на филмот!

Владан Живковиќ (41) од Сомбор, кој е осомничен дека до смрт го избодел Марко Ѓуровиќ (28) после злосторството редовно доаѓал на работа и се однесувал како ништо да не се случило, раскажале неговите колеги. Осомничениот работел како готвач во Првиот центар за обука во Сомбор. 

Според зборовите на колегите Владан живеел на само 50 метри од местото каде што го сторил убиството. 

Никој не ни можеше да претпостави дека Владан е способен да стори вакво нешто. Малку е да се каже дека сите сме во шок и не можеме да поверуваме дека убил некого“, велат неговите колеги. 

Владан е осомничен дека на 13 јануари до смрт го избодел сограѓанинот Марко, и тоа пред очите на неговиот татко. На сослушувањето изјавил дека го избодел Марко, но откако тој му удрил шлаканица. Рекол и дека таткото и синот го нападнале и дека тој само се бранел.  

Наводно изјавил и дека имал прекин на филмот. На видеото од надзорната камера од аптеката се гледа дека Владан при разминувањето со Марко и татко му нешто дофрла, по што Марко оди кон него, а овој два пати му зарива нож во срцето. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата