(Видео) Бред Пит заљубено ја гледа Џенифер и не сака да ѝ ја пушти раката

20.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
(Видео) Бред Пит заљубено ја гледа Џенифер и не сака да ѝ ја пушти раката

Џенифер Анистон (50) освои САГ награда за најдобра женска улога во драмска серија („The Morning Show“) во Лос Анџелес, Калифорнија.

На интернет почна да кружи снимка на која нејзиниот поранешен сопруг Бред Пит (56) ја гледа на телевизија на доделувањето на наградите на „Screen Actors Guild Awards” („САГ награди“) . Тој не престанал да се смее и да ја гледа со љубов во очите.

Покрај тоа, тие се сретнале на црвениот килим. Анистон го поздравила и сакала да продолжи понатаму, но нејзината рака останала на телото на Бред и тој не сакал да ја пушти.

Тој момент се прошири на социјалните мрежи со неверојатна брзина, а обожавателите на двојката коментираа дека според начинот на кој ја гледа, конечно нешто се случува меѓу нив.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата