ТЕШКА СООБРАЌАЈКА кај Струмица: ЕДЕН ЗАГИНАТ и тројца повредени

20.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТЕШКА СООБРАЌАЈКА кај Струмица: ЕДЕН ЗАГИНАТ и тројца повредени

На 19.01.2020 во 17.00 часот во СВР Струмица било пријавено дека кај крстосницата „Габровски водопади“ во близина на с.Габрово, Струмичко, В.М.(38) од с.Моноспитово, Струмичко, управувајќи патничко возило „бмв“, со струмички регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од надвор од коловозот. Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот Д.Д.(33) од с.Моноспитово, по што бил пренесен во Медицинскиот центар Струмица, каде починал.

Со телесни повреди се здобил и возачот и уште двајца сопатници, М.Г.(36) и С.С.(35), двајцата од с.Моноспитово, кои биле пренесени во Медицинскиот центар Струмица за укажување на лекарска помош.

Увид на местото на незгодата извршила увидна екипа од СВР Струмица.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата