Тешко и со само еден гол, Кике Сетиен дебитираше со победа на клупата на Барселона. Каталонците во последниот вечерашен меч од 20. коло на Ла Лига, пред своја публика славеа со минимални 1:0 над екипата на Гранада.

Гостите одиграа одличен меч и во текот на сите 90 минути му дадоа достоен отпор на фаворитот. Разликата за победа на домашните се чини ја направи црвениот картон кој го доби дефанзивецот на Гранада, Херман Санчез во 69. минута, по што Барселона успеа да искористи една извонредна акција, која Меси ја круниса со победнички гол.

Standings provided by Sofascore LiveScore