Новиот сертификуван Honor телефон би можел да биде V30 Lite

19.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Новиот сертификуван Honor телефон би можел да биде V30 Lite

По објавата на V30 и V30 Pro телефоните, Honor изгледа работи на уште еден сличен уред, барем ако го посматраме дизајнот. Забележани се моделите со ознаки MOA-AL00 и MOA-TL00, кои се појавија на MIIT (Ministry of Industry and Information Technology) сертификација.

Моделот MOA-AL00 јасно го прикажува дизајнот на камери кој потсетува на оној од V30 телефонот. Сепак, видливо е дека средниот модул на задната страна е всушност LED блиц, а на камера сензор. Honor очигледно не сакал да имплементира целосен систем со три камери и на поевтиниот Honor V30 Lite.

Од фотографиите можат да се извлечат некои други информации, како што е постоење на засек во облик на капка во екранот. Телефонот има нормално копче за вклучување, наместо комбинација на сензор за отпечаток од прст каков што поседуваат V30 и V30 Pro. Со оглед на тоа дека на задната страна не е видлив читач на отпечаток од прст, претпоставка е дека е имплементиран во дисплејот, кој во тој случај би морал да биде OLED. Интересно е дека ниту една постоечка V30 варијанта нема ваков дисплеј, што сугерира дека сензорот за отпечаток од прст би можел да биде изоставен.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата