Путин најави отворање на архивски центар за Втората светска војна

19.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Путин најави отворање на архивски центар за Втората светска војна

Рускиот претседател Владимир Путин вети дека ќе отвори центар за архивски документи за Втората светска војна.
       
„Ќе ги затвориме валканите усти што некои лидери ги отвораат за да постигнат непосредни политички цели. Ќе им ги затвориме устите со вистинити информации“, рече Путин на состанок со ветераните.

Тој го наведе примерот на Израел да не дозволува да се заборави Холокаустот и потсети дека ќе го посети Израел во наредните денови зна откривањето на споменикот на жртвите од блокадата на Ленинград, јавуваат руските медиуми.
        
„Тоа е важен настан. Потсетува на жртвите од Втората светска војна и на оние кои дадоа пресуден придонес за поразот на нацистите“, рече тој.

„Еврејските друштвени организации и раководството на Израел работат многу паметно, не дозволувајќи му на светот да ги заборави жртвите на Холокаустот“, истакна Путин.
        
„За жал, меѓу жртвите има значителен број Евреи од Советскиот Сојуз, руски народ“, додаде Путин, истакнувајќи дека Русија претрпе најголеми загуби во Втората светска војна.Тој рече дека поради ова Русија ќе создаде центар за архивска документација, кој ќе биде отворен и за руските граѓани и за целиот свет.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата