ТРАГЕДИЈА: Тројца повредени, ЕДЕН ПОЧИНАТ вечерва кај Струмица - ДЕТАЛИ

19.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
ТРАГЕДИЈА: Тројца повредени, ЕДЕН ПОЧИНАТ вечерва кај Струмица - ДЕТАЛИ

Тројца повредени, еден починат е епилогот од тешката сообраќајка која што вечерва околу 17 часот, се случила кај Габровски Водопади во Струмица, кога БМВ излетало од патот. 

БМВ-то со струмички таблички било управувано од 39 годишниот В.М, а во него имало уште тројца патници.

Во несреќата три лица се повредени, а 34 годишниот Д.Д. од село Моноспитово починал по здобиените повреди, во струмичката болница .

Во тек е увид на местото на несреќата.

Извор: Центар

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата