Москва: Во Либија има оружје за повеќегодишна војна

19.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Москва: Во Либија има оружје за повеќегодишна војна

Оружјето коешто постои во Либија е доволно за многу години војување, доколку не постои политичка волја за почитување на прекинот на огнот, изјави специјалниот претставник на рускиот претседател за Блискиот исток и Северна Африка, Михаил Богданов.
       
„Мислам дека оружјето коешто веќе постои во Либија е доволно за многу години војување, доколку не постои политичка волја од страна на самите Либијци да ги прекинат воените дејства и да го почитуваат режимот на прекин на огнот, како што беше договорено врз основа на руско-турската иницијатива“, рече Богданов.
        
Како што истакна тој, Москва поаѓа од тоа дека либиското прашање треба да се реши преку преговори.
        
„Бидејќи секаде нагласуваме, во сите документи, дека е можно решение за кризата, дека тоа е во рацете на самите Либијци и дека тие треба да одлучат за судбината на сопствената држава“, додаде тој.
        

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата