Што им порачаа верниците на Шеќеринска и Ангеловска? ПОСЕБЕН ПОЗДРАВ (ВИДЕО)

19.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Што им порачаа верниците на Шеќеринска и Ангеловска? ПОСЕБЕН ПОЗДРАВ (ВИДЕО)

Голем верски празник е денес во Македонија. Верниците ширум земјава се собраа во сите градови, се фаќаа свети крстови од водите, но се промовираше и сплотеност и љубов. Не само љубов кон религијата, туку и кон татковината.

Точно 140 верници денеска скокнаа во водите на Вардар по светиот крст на централната манифестација за големиот христијански празник Богојавление – Водици во центарот на Скопје, а илјадници верници беа таму да го гледаа извлекувањето на крстот од осветените води.

Меѓу присутните беа и министерката за одбрана Радмила Шекеринска и министерката за финансии Нина Ангеловска.

За нив присутните млади луѓе имаа посебна порака – песна за Македонија и скандирање „Никогаш Северна, само Македонија“.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата