Еден од најголемите фаворити за освојување медал на ова европско првенство, селекцијата на Норвешка, и зеде „мерка“ и Шведска во денешниот последен меч од 2. коло во групата 2 на ЕП во Малме. Иако играа пред своја публика, Швеѓаните не успеаја да им се спротивстават на соседите и на крајот беа поразени со 23:20 (12:8).

Уште еден неверојатен меч кај Норвешка имаше Сагосен кој средбата ја заврши со 8 погодоци. На спротивната страна Пелас постигна 5 гола, но Шведска немаше сили за никакво изненадување. Со оваа победа Норвешка веќе стигна до 6 бода за прво место на табелата, пред Словенија и Унгарија кои имаат по 4.

Standings provided by Sofascore LiveScore