Интересен натпревар во турската Супер лига во 18. коло. Се соочија Трабзон и Касимпаша, а победија домаќините со 6:0. А мечот го отворија со три гола за четири минути! Добро причитавте, три парчиња во мрежата на гостите за четири минути (Соса, Сорлот, Нвакаеме).

Во второто полувреме Трабзон постигна уште три гола со тоа што на крајот Сорлот комплетира хет-трик, а Нвакаеме го заврши натпреварот со два погодока.