Пресврт на Косово...

19.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Пресврт на Косово...

Неизвесноста за формирање косовска влада сеуште трае, на повидок е пресврт..

Во Приштина на повидок е нова коалиција за состав на влада без “Самоопределување“ и Албик Курти.

Рамуш Харадинај, Кадри Весејли, Фатмир Љимај и Беџет Пацоли одржале состанок за можност да формираат владеачка коалиција и институции.

Спрема извори на косовскиот портал „Indeks onlajn“, до состанок на овие три субјекта дошло бидејќи движењето “Самоопределување“, кое го предводи Албин Курти и Демократскиот сојуз на Косово Иса Мустафа не успеале да се договорат за идната владеачка коалиција.

Од друга страна Рамуш Харадинај рекол дека е подготвен да помогне околу формирање влада, и Албин Курти, ако го повика на разговор, бидејќи гледа дека во тоа не успева повеќе од три месеци, пренесува „Lapini info“.

Харадинај изјавил дека Курти може да најде други партнери, бидејќи во текот на денот имал состанок со лидерите на ПДК и АКР. Тој исто така потврдил дека се состанал со челниците на ПДК и АКР. Харадинај рекол дека е отворена понудата која доаѓа од АКК за формирање на инстутициите. Тој нагласил дека очекува покана за разговор од Иса Мустафа ДСК.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата