Во последно време голманот на Милан Донарума, не е во добра форма. Откако направи „кикс“ на мечот со Аталанта, патем и прими пет гола, се случи кикс и денеска против Удинезе.

Тој излета во празно, притоа го фаулираше противничкиот играч на 30-тина метри од голот, но потоа играчот на Удинезе Стигер Ларсен погоди во мрежата и тимот од Удине има водство на полувремето. Инаку Несторовски се наоѓа на клупата за резерви.