Ја прашале што најмногу јаде Попај! Наместо да освои 10.000 $ се избламирала, а одговорот и е хит (фото)

19.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Ја прашале што најмногу јаде Попај! Наместо да освои 10.000 $ се избламирала, а одговорот и е хит (фото)

Една жена со погрешен одговор на лесно прашање во канадски семеен квиз "Family Feud"ја испуштила можноста да освои 10.000 долари.

Сепак нејзиниот погрешен одговор станал хит на интернет и и донел бесплатна храна во вредност од 10.000 долари.

“Едноставно. Една прашање. Само еден одговор. Кој ќе погоди, игра за 10.000 долари. Тоа е тоа. Кој ќе погоди победува“, рекол водителот Гери Ди на натпреварувачите минатата недела. “Која му е омолена храна на Попај?“, било прашањето.

Натпреварувачката Ева Дубој успеала прва да се пријави и брзо, брзо “испукала“ – пилешко, а нејзиното играње на сцената ја направило уште посмешна. “О мој господеее“, се слушнало извик на некој од нејзиното семејство во позадина.

Изгледа сите други знаеле дека се работи за лик од цртани филмови, морнарот Попај, а не за ланец на похувано пилешко.

Нејзиниот ривал веднаш одговорил точно: “Спанаќ“.

Икао Дубој ја испуштила можноста да освои 10.000 долари, еден ресторан и понудил бесплатна храна во износ од иста вредност.

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата