Игор Карачиќ добро знае како е да се добијат речиси изгубени натпревари. Со Вардар во полуфиналето против Барселона на Ф4 го приредија невозможното. На магичен начин ја надокнадија големата негатива и на крајот славеа пласман во големото финале.

Вечерва неговата Хрватска го стори истото, кога никој не веруваше дека ќе успее да го добие мечот со Германија, тој и соиграчите приредија неверојатен кам-бек.

„Горд сум на своите играчи. Ова е натпревар од кој можеме да научиме како се гради карактер, како може да се извлечеме од тешки ситуации. Не знам што да кажам повеќе, верував во играчите, во стручниот штаб.
Во одредени моменти се сетив на Вардар. Ова беше доста стресен меч за мене и соиграчите, и што е накважно верувавме во победа и тоа ни се врати. Заедно со неверојатните фанови, видовме дека можеме“, изјави Карачиќ.