Екипата на Еибар направи големо изненадување во 20.коло на шпанската Ла Лига со тоа што го победи Атлетико Мадрид со 2:0 на домашен терен. Еибар се одлепи од опасната зона, а Атлетико Мадрид со овој пораз се оддалечи од првото место.

Инаку Естебан Бургос ја погоди мрежата на „јорганџиите“ во 10. минута, а во финишот на средбата Експозито ја комплетира победата од 2:0.

Инаку ова е прва победа на Еибар над Атлетико после 19 години. Во далечната 2001 година славеше со 2:1, а интересно тогаш и двете екипи беа второлигаши.

Standings provided by Sofascore LiveScore