СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ: Фирма на Македонец внесувала сомнителен отпад од Италија во Бугарија

18.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ: Фирма на Македонец внесувала сомнителен отпад од Италија во Бугарија

Фирма на Македонец во Бугарија внесувала сомнителен отпад од Италија. 

Се работи за фирмата „Блацион” од Софија,  чиј управител е македонски граѓанин, а таа увезла отпад од Италија кој пристигнал во бугарското пристаниште Варна, објави бугарската БТВ Новините.

Товарот, 25 контејнери со бали со отпад, со брод од италијанското пристаниште Салерно пристигнал во пристаништето Варна-Запад на 9 октомври. 

Обвинителството во Варна oтворило истрага за товарот по информациите за нарушување на редот за прекуграничен пренос на отпад, а во неа се вклучени Министерството за внатрешни работи, Обвинителството, Царината и екоинспекцијата во Варна. Засега, нема приведени лица. 

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата