Шилегов: Тргнати се основите за панорамското тркало, добивме мост без барокни елементи

18.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Шилегов: Тргнати се основите за панорамското тркало, добивме мост без барокни елементи

Скопскиот градоначалник Петре Шилегов, на „Фејсбук“ објави фотографии од кои се гледа дека јавните служби од коритото на реката Вардар во централното подрачје, ги отстраниле фундаментите кои требаше да послужат за поставување на панорамско тркало, предвидено со проектот „Скопје 2014“.

Како што напиша Шилегов, на овој начин на Вардар се отвора уште еден мост кој не е во барок, на местото кое требаше да послужи како основа за тркалото.

„Тргнати фундаментите за панорамското тркало. Мостот не е во барок. Коритото на Вардар чисто и проточно“, гласи објавата на скопскиот градоначалник.

Шилегов претходно најави дека панорамското тркало нема да се изгради, но ќе се зачува мостот на основата, кој ќе биде наменет за пешаци.

Според новиот проект за мостот, тој нема да има барокни елементи, а на него ќе биде поставена проѕирна ограда за да се гледа Камениот мост.

извор: Makfax

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата