Сампдорија претрпе тежок пораз од Лацио во дуелот од 20. коло од Серија А (1:5), а по мечот тренерот Калудио Раниери, разбирливо беше бесен и незадоволен и имаше интересен коментар за „Скај Спортс“.

„Ќе ставам малку масло на играчите, ќе додадам сол и бибер и ќе ги изедам жив“, рече Раниери и продолжи:

„Не само што не ја освоивме првата или втората топка, не можевме да стигнеме ниту до третата. Бевме навистина лоши, бавни во реакциите и не игравме како тим. Ова беше нашата најлоша игра од кога сум тука. Лацио ги заслужи сите пофалби, победија и уживаа во фудбалот. Ние како да не постоевме.“