Од екипата на Милан ги коментираа шпекулациите по повод трансферот на Дани Олмо од Динамо Загреб. Пред неколку дена италијанските и хрватските медиуми пишуваа дека Шпанецот би можел да се пресели на „Сан Сиро“ за сума од 30 милиони евра. Наводно посредник бил Звонимир Бобан, екс играчот на Динамо и на Милан.

„Колку што јас знам, тоа не е точна информација“, рече порпаролот на Милан Фабио Гуадањини во телефонски разговор за „Хина“.

Пред неколку дена тренерот на Динамо, Ненад Бјелица рече дека интензивно се работи на трансферот на Олмо, но не спомена клубови.