Манчестер Сити киксна на домашен терен против Кристал Палас во 23. коло од Премиер лигата. Гостите имаа водство до 82. минута преку погодокот на Тосун, но Серхио Агуеро за пет минути постигна два гола и донесе пресврт, а Фернандињо со автогол да го постави конечниот резултат.

И Брајтон и Астон Вила ги поделија бодовите. Тросард му донесе предност на Брајтон во 38. минута, за 15 минути пред крајот на средбата Грелиш да изедначи на 1:1.

Вест Хем и Евертон исто така одиграа 1:1. Двата гола „паднаа“ во рок од четири минути во првото полувреме.  Диоп му доведе во водство Вест Хем во 40-та минута, а Калверт-Левин четири минути подоцна погоди за бод за Евертон.

Волверхемптон со голем пресврт славеше кај Саутемптон, 2:3. Домашните водеа со 2:0 на полувремето, а во вториот дел прво Нето, а потоа Хименез еднаш белата точка, а потоа и од игра го постави конечниот резултат.

Арсенал имаше нов кикс на домашен терен. Тимот на Микел Артета пропушти победа над Шефилд. Мартинели му донесе предност на Арсенал во 45. минута, но Флек им донесе гол на гостите во 83. минута.