Huawei ќе има и трет P40 модел – P40 Pro Premium

18.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Huawei ќе има и трет P40 модел – P40 Pro Premium

Неодамна се појавија рендери од Huawei P40 Pro телефонот со четири камери на задната страна, иако претходно се сугерираше постоење на пет камера сензори. Сега се појавија нови рендери кои прикажуваат и четири и пет камери на задниот дел на уредот, што внесе дополнителна забуна.

Вториот сет рендери пристигнува од доверливиот дојавувач @evleaks. Она што веројатно ќе се случи е дека Huawei ќе претстави три нови смартфони во рамките на премиум P серијата, наместо вообичаените два модела.

Најмоќниот премиум модел (оној кој пристигнува со пет камери), за кој се верува дека е Huawei P40 Pro Premium Edition има 240mm перископ телефото објектив. Под претпоставка дека главната камера има 24 мм објектив, тоа би требало да значи 10x оптички зум. Само за споредба, Huawei P40 Pro има 125 мм перископ објектив и има 5X оптичко зумирање.

Двата смартфона имаат и 18 мм ултраширока камера. Двете дополнителни камри на P40 Pro Premium моделите веројатно им се доделени на макро и ToF сензорите. P40 Pro ќе има ToF сензор, како и четврта камера.

 

извор: USB.mk

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата