Цуцуловски со АНТИКАФАНСКИ ПРЕДЛОГ до СДСМ

18.01.2020
vesnik-fb-blue
vesnik-twitter-blue
Цуцуловски со АНТИКАФАНСКИ ПРЕДЛОГ до СДСМ

После неодамнешното Соопштение на СДСМ како да се однесуваат неговите членови на јавни места (ресторани и слични објекти) јас, доле непотпишаниот, го поднесувам следниот ПРЕДЛОГ:

„На ден да се јаде трипати – пред јадење, за време на јадење и после јадење. Првиот оброк да се зема наутро, на празен стомак, и да се состои од три фази – пред јадење, за време на јадење и после јадење. Наредниот оброк, исто така, да се состои од три фази – пред јадење, за време на јадење и после јадење.

По него, негде приквечер, да се земе третиот оброк/јадење, кој, исто така, треба да се состои од три фази – пред јадење, за време на јадење и после јадење. Намирниците, по можност, да се јадат ЖИВИ. Тоа е, впрочем, и наше предизборно ветување. Ако нечиј стомак тоа не може да го поднесе, во тој случај, пред да се консумираат намирниците/храната, добро да се усмртат. П.С. Кон нашите членови можат да се приклучат сите чесни граѓани на Република Северна Македонија. Трипати ура за Северна! Ура, Ура! Ура!“

© vesnik.com, правата за текстот се на редакцијата